За време на престојот на Првата македонско-косовска бригада Светозар Вукмановиќ-Темпо го информирал капетанот Еванс дека во “неколку грчки македонски села, групи млади...барале од него да им се придружат на независните македонски партизани“. 344
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Еднаш, во долните катови, во големите и пространи ходници, сретнав една поголема група млади бремени жени кои некаде брзаа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таму веќе беше насобрана поголема група млади луѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш собрав поголема група млади талентирани и амбициозни луѓе, ги пратив на специјализација во најпознатите скопилишта по светот и кога се вратија целиот народ го подвргнав на скопување.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко) Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Првите двајца американски офицери што го напуштиле Вашингтон на 10 мај 1943 година и биле испратени во Каиро за да се инфилтрираат во Југославија биле Џорџ Мусулин и Џорџ Вучиниќ, и двајцата, Американци од југословенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште во средината на 1942 година, по наредба на генералот Донован, ОСС започнал да обучува една група млади Американци од југословенско потекло кои требало да бидат спуштени кај Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Половина час потоа, во просторијата која ни беше спална, група млади луѓе донесоа неколку големи празни корита и покрај нив - казани полни со вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Коритата ги ставија на средината од просторот помеѓу двата реда кревети, а казаните покрај коритата. Потоа излегоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кон крајот на дваесеттиот век, група млади научници и универзитетски професори во Скопје, главниот град на новата независна Република Македонија создадена по распадот на Југославија, ја обновија свеста за спасувањето на балканските јагули во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)