Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Требаше да го смирам одот, да се влеам во овој источен ритам на живеење, во оваа чудесна земја, задржана како грозд на убавиот Медитеран, каде што и државните удари се одвиваа мирно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)