гроб (имн.) - од (предл.)

Кога се врати од Цариград, појде на гробот од дедо, крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Барем да ми го кажете гробот од Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поовкав, поовкав, поплакав и на гробот од Ѕвездана, ама суво плачење. Пак немам солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одвај го разгазувам, за да појдам до гробот од Ангелета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа клекна на гробот од свети Наум и го залепи ушето на плочата за да види дали се слуша чукањето на срцето на светецот, како што им рече игуменот, да види што може да значи тоа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Железничарот ја крена главата кон небото и почувствува како тоа полека го положува на плеќи, до гробот од сина му Митруша.n 42 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)