Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И споулавен, некако се спроврел низ трупови и урнатини до грмушки на ридишта од кои со запалени очи гледал како аскерот ги докусурува ранетите востаници и ги закитува со пламен куќите на Негуш, потоа со камшици и кундаци да ги гони низ февруарско сивило пленетите жени и деца кон пазари на бело робје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас продолжив да го барам брат ми меѓу луѓето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Сега морам да завршам една итна работа,“ и ми намигна, па со една девојка, која сигурно ја имаше запознаено овде, во толпата, тргна кон грмушките на крајот од паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајко божја, зол е твојот син Исус! се сети и заплака, - проклети чудовишта и проклет Нојов ковчег, - а горилата го влечеа, мирни и свикнати на отпор, отсутни, влакнести. „Зошто?“ ги праша со свенат глас. „Зошто?“ Прашањето како да не можеше да се провлече низ малите грмушки на сивите влакна што им пробиваа низ ушите како кај клисарите од дебелите руски книги.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се прикрадов до грмушката на десетина метри од оревот и видов: под оревот беше паркиран џипот на Фискултурецот, со регистерската табличка што добро ја знаев: С-909.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)