грло (имн.) - му (зам.)

Грлото му се исуши, не може плунката да си ја голтне, а ете Бојана, проклета Бојана, пак го праша: — Тебе те прашам, море сому, шо не кажиш кај одиш? — и пак се насмеа сама и застана пред магарето да не може да помине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој не можеше да зборне - грлото му се стегна и му трепереше. Сиот како да се стутка и да се смали.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога грлото му се доисуши, праша: - А што рече за фаќањето, мајче, кој ќе не фати?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нему грлото му е стегнато, усните стиснати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Основни изуми, рече, и грлото му беше стиснато од помислата на богатството а лесниот мирис на неоданочените милиони се лепеше за тие два збора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во грлото му надојде сува врелина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во грлото му имаше застанато нешто што не можеше ниту да го голтне ниту да го искашла и да го плукне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На грлото му напира крик, но не може да се ослободи и се разлева во градите и го задушува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јазикот и грлото му беа сосема суви. Го болеше напукнатата уста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ти во оваа доба!“ Почувствува дека грлото му е суво, се напрегна: „Не ме очекуваше?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Почувствува дека влагата во грлото му се претвора во прав и дека прстите умораат врз потпирот на столот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во грлото му навираа стотици мисли и чувства, но тој одеше со отворена уста, занесени очи и немаше сила ништо да изусти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледајќи ја дршката во своите раце, остаток на сила и нејасна омраза, споулавеникот седнал на камен и го потпрел челото на поткренатите коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина умот му бил без светлина. Тоа можело да се забележи - во изѕемнатото грло му клокотела смеа слична на липања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор наш, оној онде, ќе ги влече запрегите, Јаков ќе му е штит на рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му се скрши гласот и од старечкото око потече солза - лута, горчлива, болна, густа, распалена, жешка, срдечна и тажна, во која потона зеницата и само за миг го снема ридот зад кој е големата вода, па планините, па пак големата вода и преку неа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Форензичарите констатираа смрт од задушување. Во грлото му најдоа заглавена буква од фиде. Буквата „Њ“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој повторно побара да напише: „Не можам да дишам, веднаш одврзете ме“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога го одврзаа, што ќе видам, целата десна страна му беше однесена сосе забите, а од грлото му истече згрутчена крв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)