Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со стегнато грло ги влечкаш и оние што не знаеш - од многуте рани и болки - каде ќе им згасне животот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)