грижа (имн.) - ги (зам.)

Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме. На пример Сашо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Светот, оној свет чии чела грижата ги изора со плугот на неизвесноста, очекуваше уште многу топлина од сонцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека ги гледаше овие луѓе во униформи, со колку внимание и со колку грижа ги пренесуваа сиџилите, Татко размислуваше што ќе се случеше доколку не беше интервенцијата на Самир Мустафа, па разбирањето на Водачот, па интервенциите на другарот Чапаев!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)