Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Игор Лозински беше јасен. Бранот на грешките ќе предизвика бура, ако ги зафати и бреговите на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А него да го претстави како виновник за нејзината наводна непромислена постапка, со очекување дека на крајот, Томо нејзините грешки ќе ги види како своја вина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А вие, ако погрешите, нема да имате време да се оправдате пред партијата зашто со направената грешка ќе бидете народни непријатели.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не, - ми вели Турчинот. - Само со тропање немој! Полоша грешка ќе направиш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ако е животот казан, во кој по грешка ќе посакаш да направиш нешто ново, да измешаш нешто неиспробано, едното ќе се свари побрзо, другото ќе остане жилаво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)