Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако повеќе парници се споени заради заедничко расправање, а за конечна одлука узреала само една парница, може да се донесе пресуда само во поглед на таа парница (чл. 311, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ворхол исто така и во својата ликовна работа ги подржуваше типичните грешки на медиумот (расипувањето како креација).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тука се сексуалните и социјалните грешки (јунаците на неговите филмови се на маргините на општеството), потоа фетиш кон другите типични грешки во медиумот и базирање на естетиката врз нив, како и фетишизирање на цивилизациските грешки (униформираност, конзумер ство, отуѓување) и нивно славење.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во таа смисла може се говори за Ворхоловото и попартовското фетишизирање на амблемите на сопственото време, како и за неговите фетиши-грешки.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И пак ја користев подвижната камера - што можеби беше грешка, бидејќи таа сама по себе го подвлекуваше фактот дека филмот не е трилер - се движеше премногу лесно.” •Филмот загуби многу? •Хичкок: „Загуби многу пари.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа беше основната грешка во овој филм.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А(воздивнувајќи): Се плашам можеби да не е веќе предоцна да се вратам на правиот пат; ќе правам сигурно уште многу грешки во мојата потрага по вистината.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но, ако тоа решение можеби е прикладно за теоријата на множества, прилично е дискутабилна неговата употреба како начело на дискурс, затоа што дури и едноставни случаи, како на пример “Во овој текст ќе се обидам... ” можат да бидат третирани како грешки во логиката.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Со оваа промена се отвори можност за уште поголема доминација на субјективните преференци на работодавачот, при понудата за склучување на новиот договор за вработување пред отказ, бидејќи тој според новата формулација е должен само да донесе одлука за тоа, со што се елиминира потребата од наведување на основата поради која дошло до овој нов (понеповолен) договор за работникот; ѓ) поради претходна неажурност, непрофесионалност или грешка во редактирањето на законскиот текст дојде до промена на насловот на чл. 80 од „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работодавачот“ во „Услови за откажување на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот“ (чл. 19 од ЗИДЗРО/септ.10), со што се поправи претходниот конфузен наслов кој воопшто не соодвествуваше со законскиот текст кој беше подведен под него.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку.
Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нередовните циклуси беа причината за грешка во датумите. За абортус веќе немаше време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но Акакиј Акакиевич не одговараше ниту збор, како да нема никого пред него; тоа дури не влијаеше ни врз неговата работа; покрај сите овие задевања тој не правеше ниедна грешка во своето препишување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најпосле помисли да не има некоја грешка во неговиот шинел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се пијанчам со вино и размислувам за грешките во моето однесување.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Компјутерите не се инхерентно бинарни и тие не извршуваат инструкции, програмите не оперираат исклучиво со соодветни формални симболи, а разликата помеѓу интерпретерот и интерпретираниот јазик - помеѓу процесорот и програмата - обично не коинцидира со разликата помеѓу hardњare и softњare. Rychlack прави неколку едноставни грешки во описот на работата на компјутерите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но ова може да е сосема соодветно однесување за да ја заштити неговата долготрајна кинеска меморија, не грешка во почитување на програма, исто како што еден електричен компјутер може да го осветли својот екран штом ја допрете неговата тастатура додека зафатено работи нешто ( однесување коешто не е вклучено во кодот кој во моментот го почитува, патем, но пониско во системот).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој беше професионалец, специјалист и ова нагло собирање на најважната Моќ на „Хосака” во Медина ја сфати како драстична грешка во работењето на Заибатсу.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Јазикот на теоријата на информации исто така често се применува на билошки системи. Rychlack прави особено чудна грешка во своето инсистирање дека компјутерите се ограничени на она што тој го нарекува Булова логика, којашто тој ја карактеризира со користење на исклучителната (екслузивна) дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога останаа сами, докторот не сфати дека е тоа најголемата грешка во неговиот долг, добродушен живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стрина ми му кажа дека сум постела тримери, а тој почна да вика: Кој ти дозволил таа глупост да ја правиш, тоа се правело порано, и го правеле тие што имале грешки во животот и сакале да им се простат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Да“, рече Винстон. О'Брајан се насмевна. „Ти си грешка во мострата Винстоне.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, според моите подоцнежни сознанија, врз увидот на ситуацијата што можев да го имам од информациите на моите соработници, тоа беше прва крупна грешка во анализите и проценките на Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Паметам една песна на поет во која тој се заколнува дека нема да повтори една иста грешка во животот, а сепак останува повторно зинат и зачуден, и тоа не само еднаш, пред истата таква грешка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Четири години подоцна, со четвртата измена и дополнување на ЗРО (2005), 31. Притоа, симптоматично е тоа што, ниту во ЗРО (2005), ниту, пак, во претходниот ЗРО (1993) – не се предвиде минималниот број членови за формирање синдикат!? 32. Ова е техничка грешка во ЗРО (2005) бидејќи, за разлика од СФРЈ, во РМ веќе не постои називот „редовен“ туку „основен суд“. 33. А ова, пак, е суштинска правна грешка – бидејќи, според нашето право, парнична судска постапка не може да се поведе од страна на самиот суд, по службена должност, согласно т.н. приватно начело: Nemo iudex sine actore – Нема судија, без тужител! 48 првите три основи се сведоа само на една.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, кога тебе ти се развика најбезобразно еден хермајор заради лошиот портрет, за некаква грешка во мундирот, ти премолче и го преправи.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во кажувањето на Игора Лозински гледаше како една обична грешка, грешка во умот на Ленин, го предизвика падот на руската царска империја и го услови настанокот на советската империја, која своја апотеоза и пад сигурно еден ден ќе доживее со сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дали тоа е единствената грешка во филозофијата на Лири?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тука е нивната грешка во сфаќањето на картузијанскиот субјект како ултимативно антропоцентричка идеја, додека всушност со растеж на картузијанизмот и со него поврзаната коперниканска револуција, субјектот ја губи својата вкоренетост во природата како и своето средишно место во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Одговорот чини еден вињак - студено ме погледна Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Колку грешки во текот на денот можеш да сториш а да не си ја загрозиш иднината? - го прашав Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Имаше нешто неприродно -
разлика во времето, грешка во сонот
во жената двојство
ти во едната рака држеше стрип
или викенд роман, со другата
ја тешеше, искуството
не ти помагаше да го прикриеш
„туѓиот говор“, книшкиот изговор
мораш, значи пред тебе животот
се отвора како покладен портокал
дива циклама, праизведба
мораш, значи немаш објективна
причина туку мотив, емотивна мечта
некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8
некоја друга Семирамида или прислужничката
ах, мамката на анонимните жени
отровот на тривијалните судбини
барем да исчезневте сосема
да не морам да го слушам, да не морам
да го повторувам „гласот на ткајачката“
крикот на кросното, јавката на откинатиот
јазик, нејзиниот, мојот
нејзиниот
мојот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Направив кардинална грешка во однос на напнатоста која сакав да ја постигнам.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Награди се себеси за оние избори што водат кон пријателство и задоволство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Скршнување предизвикано од грешка во читањето на автокартите. Заталкувачки крак.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А може да биде и грешка во спелувањето како на еден негов роднина во Прескот, Аризона кој поради тоа од Васил Јованов стана Бил Ајван.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)