Совршенството
на гревот не го нарушувај.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Гревот не ми се догледува. Можам сите свои коски во една ракатка да ги држам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Првин кој што љуби грев не чини и дејгиди луди млади години, а потем црни горо, црни сестро.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Семето добро знае: ако тргне кон своите - своите веќе одживеале, ги нема, за да тргне кон себеси - и самото треба да исчезне...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Знае дека никој толку гревови не може да направи за повеќе од еднаш да умира.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога ќе ѝ држеше епитимија на Смилјанка, како и на другите грешници, отец Иларион гледаше да биде одмерен во сѐ: не постапуваше ни многу љубезно, ни многу благо, за да не сфати грешниот дека гревот не е толку страшна работа, дека тој е нешто невино, игра што може да се повторува; но не постапуваше ни многу строго за да не му ја разрани и онака разранетата душа која согледувајќи го гревот, започна да пати - мачно да зацелува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)