О, Господи, кој направи толку гревови во животот за да заслужи секоја вечер да умира? * * *
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога отиде кај таа жена тоа беше неговиот прв грев во последните две години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На Камилски посебен впечаток ќе му направат и епитетите што често им се придаваат на Исус, Богородица и светците, позајмувајќи зборови од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Почести заемки од оваа терминологија биле и: инсан (народ, луѓе), со потекло од арапски (insan), есалет (псалтир), џенем, џевнем, џехнем (пекол), кабаат, кабает (грев во црковните книги, вина во световните книги), со потекло од арапскиот збор kabahat, куртул (спас).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Вистината е дека сум направил многу гревови во животот и мислев дека нема потреба повеќе да продолжи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Зарем е можно да дошло до инцест, најголемиот грев во целиот човечки род, се мачеше мајчинското срце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ги прашувам, дали некогаш играле на флипери и тие се шокираат: „Флипери! Тоа е за ебани диносаури!?“ Кид презриво фучи. Го сторив првиот од многуте гревови во светот на киберкултурата - времето на компјутеризирано подземје. Не нарекувајте ги хакери, исто така. „Хакерството само ја буди старата претстава на долгокоси луѓе од 60-тите кои седат пред огромни компјутери“- објаснува Св.Витус. „Тие губеле и по пет минути на внесување податоци на некој програмски јазик само за да изиграат Икс-нула.“
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
О, води, мислеше, води, води, и јас сум од корен од своето небо матен но немам веќе сили да бидам и лут, вака без дефинитивна сметка што сум со едно срце, еден мозок, една бездомност - човек или вепар, со ситни капки грев во овие очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со твојата четка за рибање и со прашоците за рибање, не можеш да го досегнеш гревот во неговата душа“.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Најголем грев во прво одделение беше на денот на сликањето на крајот од школската година да немаш кецеља со која што ќе бидеш овековечен заедно со своите школски другари/ки.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Така беше: под наморничавената кожа на грбот чувствував оган од кој под плешките остануваше пеплиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се грчел и како оддалеку да ги слушал призраците на туѓите гласови додека барале од него да го прераскаже настанот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но пред да ги праша дали го обвинуваат кога веќе го сослушуваат и дали можеби тие знаат каде е девојката со 'ржена коса, ја видел Фиданка Кукникова како му се доближува со нишање, валчеста и со блесок на грев во очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господи, се молев без лузни и гревови во душата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)