грев (имн.) - кој (зам.)

Иако нивната желба беше да бидат широко прифатени од општата јавност, и со тоа да станат дел од општата култура, философиите обично беа предмет на расправа само во рамките на многу мал круг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На ист начин, како што во христијанската традиција злото, поаѓајќи од своите обиди да го искуша Исус, делува на прикриен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
15 Гордоста, според Тома Аквински, најсериозниот грев од кој се раѓаат сите останати, (и навистина грев кој, како и логоцентризмот е поврзан со нееднаквоста и борбеноста) може да опстане и при самиот акт којшто е преземен да ја елиминира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Немојте никогаш да забраните нечија љубов, тоа е најголемото зло и најголемиот грев кој никогаш нема да ви биде простен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот не благословува со љубов, сите ние кои сакаме со целото срце, чувствуваме неизмерна радост, ние кои ги подаривме нашите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во проекцијата на тоа лудило, во часот на агонија насликав аморфна, безобличена слика на убиец.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Очај за убиството на невиноста, таа осамена жртва на гревот која умира во болната фантазија на умот”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Шепотливо ги поздрави. Татко мило ја погледна како виновник за грев кој секогаш му беше простуван од Мајка кога беа во прашање книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега слушај: ноќе ги отворав очите да те видам сета, да го впијам во себе целиот твој грев кој уште не постоеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа ќе кажам: - Убавината е грев кој само боговите можат да си го дозволат, но не и обичните смртници.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)