Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Ама, чичко Славе, па луѓето имаат проблем, а ти немаш поим ни од треви, ни од медицина, а башка грев е “- се ужаснувам јас, а тој ми вели: „Зошто грев?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ти се молам, немој да се видуваме. Грев е...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Да ве плаќаат, купуваат!... Ама, зошто, зошто?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Лошо е сѐ за неа да мислиш. И грев е!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: За срцето татко ти не се праша, јас се прашам!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Можеби и се сеќавале за неарни мисли, зашто грев е и грешно да мислиш... Ех, душа човечка, низ какви сè темни вилаети поминува! ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Очи в очи - грев е да погледнеш пред да си му ветена... - се потргнува накај карпата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се зарадував кога почна да ме загрева! Не беше од оние молчаливите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Паметам кога ми рече: „Објавувајќи го гревот за божји закон, итрите и имашливите настојуваат да се заштитат од лакомоста на својот ближен“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Има многу посиромашни од нас, грев е да се поплакувме. Не живееме лошо, нели?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
-Причина за гордоста е самољубието, а гревот е последица на тие две нешта – одговори старецот, продолжувајќи:- Ако човек се сака само себеси, не може да ги сака другите живи суштества.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)