Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: „Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Да тргне некој сирома — кожата од грбот ќе му а одерат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Навечер, кога ќе се измореа од играње, беспризорните ќе се протегнеа на широчината и лежејќи на грб ќе го гледаа ѕвезденото небо и ќе го слушаа Андоновото пеење .
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: “Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се свитка во клопче, ставајќи си ги рацете сплотени со дланките меѓу колена, навика останата уште од детството, кога со грбот ќе се залепеше до градите и стомакот на мајка си, чувствувајќи топлина и сигурност како да е во нејзината утроба. Набргу потоа заспа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кришум на грб ќе му закачеа парче книга со некаков напис и ќе се смееја по него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стражарот ќе стигне до работ на зградата, потоа ќе направи полукруг околу себе, потоа неговиот грб ќе почне да се оддалечува во спротивната страна. И токму така.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)