грб (имн.) - од (предл.)

Попот го почеша грбот од ѕидот и се стега да проговори, божем не му се проговара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Како не, па јас, освен што ги имам болките во грбот од ништо друго не сум била болна. - рече без двоумење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нека се намрсат, еј!” И тогаш, прозваниот, кој цел ден го слушаше потсмевот во грб од сите нас кои шушкавме меѓу себе поттурнувајќи се со лактите, се потпре на оградата на балконот и се развика: „Коју песму да ти запојем по жељи, маму ти твоју!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А младите, говорат како поповите живеат на грбот од народот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кусите пантолонки, испарани на неколку места одзади од напонот на снагата што растеше, ги крепеа две прерамки врз голиот и подгорен грб од сонцето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа како од пушка почна: „Петре-Петре,пиралче, На грмада седеше...“ Во меѓувреме Јоле или го чу гласот на Петрета или некако се сети на нас и како што ја имаше раката на грбот од срната, се сврти кон даскалницата и го виде Петрета Даскалот седнат на прагот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)