4  На неодмрзнатото небо се движеа на свое гумно девет орли, се лизгаа со вкочените крилја по сивотијата и беа слични на дршки од секири во бавен вир на река што негде, на патот, бришела варовник.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
               
             
           
            
            
              „Духот на слободата“
               од Војдан Чернодрински 
              (1909)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти  и ти го подметнува својот грб  за да починеш.
               
             
           
            
            
              „Вардар“
               од Анте Поповски 
              (1958)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
               
             
           
            
            
              „Јанsа“
               од Јован  Стрезовски 
              (1986)