А вака со туркање не бркаме работа — и го запна грбот во стената.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој веќе немаше грб во Комитетот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некојси умник, името негде му е запишано, со години лежел на грб в поле и гледал в небо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Губејќи ја рамнотежата неочекувано да се најде со грб во водата на коритото, во исто време лесен како лејка за да се удави и во подлабоко.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Келнерот остана да виси над нив, неговиот грб во огледалото беше широк, дибечест.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И уште еднаш кога ја ја заврте желката на грб в поле.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
(Од зад грб во собата влегува Сара во ноќница. Застанува зад Стево. Стево не забележува.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Старата, врзана за постела, уште го чекаше: да го испијат својот чај, да разменат по една воздишка пред легнување и да си свртат грб во заедничкото легло.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не дочека на маж да сврти грб
во знак на почит и разбирање
ниту маж да ѝ се замери
за начинот на којшто спие
за ноќниот декор
секавиците и сигналите за спас
немаше кога да ѝ здодее животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Акакиј Акакиевич чувствуваше само како му го симнаа шинелот, како го клоцнаа со коленото, и тој падна на грб во снегот и повеќе ништо не можеше да почувствува.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)