Под ова име тој е граѓанин во Америка. со него се допишувам од 1977. и веројатно ја имам најголемата Акерман-збирка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тие меѓутоа ја одобруваат стратегијата која се засновува на превентива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тие исто така одобруваат и цела низа мерки насочени кон потполно вклучување на граѓаните во еден попродуктивен заеднички живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во книгата повеќе пати нагласив дека до идентитетот на граѓанинот во модерната смисла на тој збор не се доаѓа од хрватската традиција, а уште помалку од околностите, културни и политички, кои владеат и владееле на овие, не само хрватски простори.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Што значи да се биде граѓанин во модерна демократска смисла попрво ќе научиме од пар американски филмови отколку од целата хрватска литература, вклучувајќи ги тука и сите ликови на Крлежа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но тука и е најголемата заблуда на Кравар - илузијата дека такво нешто како што е граѓанинот во модерна демократска смисла може симболички да се реконструира од животот и делото на Мирослав Крлежа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Неговата теорија на дискурзивна демократија подразбира проширување на јавната сфера за да се овозможи поголемо учество на граѓаните во процесот на создавање на јавното мислење и волја: „Демократизираната или добро уредена јавна сфера треба да им понуди на сите, а особено на маргинализираните групи, можност да учествуваат во обликувањето на јавното мислење, да влијаат врз него и да вршат негова критика“.102
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Купувајќи си место во јавните простори, комерцијални интереси се закануваат да го сведат производството на значење во јавната арена на едностран проток на информации, трансформирајќи ги граѓаните во пасивни примачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во неговите подоцнежни дела, Хабермас е малку поголем оптимист во поглед на можноста јавната сфера повторно 99 Ibid., p. 206. 100 Ibid., p. 8. 101 Ibid., 232. 89 да се врати во арена на критичка и автономна дебата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Операционализацијата т.е. спроведувањето на проектот во Македонија беше доверено на НВО Алумни на студенти кои студирале во дотичната држава – здружение на граѓани во кое не постоеше синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред да започне спорот опишан подолу, тој беше вработен како административен работник во една библиотека, чие работење всушност беше финансирано преку проект од странска агенција за меѓународна помош, а чија координација одеше преку Амбасадата на конкретната држава во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)