Сфатив дека нашата персонална „реалност” е мошне зависна менлива, исход или продукт на чинители кои, како што изгледа, не зависат од оваа „реалност”, туку постојат во некоја независна „реалност”, која делува врз нас, но е вон нас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продлабочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устројство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За себе, многу подоцна, кога повторно ќе ја мине границата, само во спротивна насока, ќе рече дека таа самата била граница чии клучеви ги носела со себе!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)