Границите се само замислени поделби, конструирани низ митовите, историските наративи и искуства, а заедниците чиј идентитет тие го конструираат исто така се имагинарни.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во денешното глобално општество, границите се концепт кој станува сѐ пофлуиден, перфориран.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Понатаму, границите се механизми на државна контрола – како на оние што се внатре во нив така и на оние што се надвор.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
8 Границите се основа за нееднаквост и исклучување. Од гледна точка на теоријата на системите, границите се централен елемент на секој систем, било да е физички, културен, општествен или физиолошки.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како видливи демаркации меѓу нациите и луѓето, границите се клучни во конструирањето на идентитетот и културата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Затоа границите се најдоброто место за сведочење на секојдневните практики на исклучување и вклучување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Исто така, границите се и знаци и агенти на идентитетот – не само на националниот идентитет, туку и на етничкиот, расниот, родовиот, сексуалниот и регионалниот идентитет, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
За теоретичарите на меѓународните односи, границите се фундаментална карактеристика на државата, потврда на државниот суверенитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Границите не само што ги оцртуваат постоечките 55 разлики, тие исто така и ги создаваат.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)