Границата беше и симбол на незапрениот балкански синдром за жртвување и саможртвување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еден ден ни дојде сè до нос, ни падна жал за ваму, за фамилиите, за роднините и решивме да се вратиме назад, но патиштата веќе беа фатени: во Русија се водеше внатрешна борба и не пуштаа никого: границата беше фатена; границата беше затворена и меѓу Персија и Турција.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Меѓутоа таткото знаеше дека најсилните, најнепроодните граници беа впишани во менталитетот на луѓето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога пропадна и последниот обид да бидам конечна жртва на враќањето, во одиозната и незамислива игра на линијата на границата беа вклучени и припадници од семејството, Боg знае под каква цена, превладеаја силите, инстинктот на животот над силите на смрtта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Змејот нѐ следеше низ води и на копно! Требаше секогаш да се внимава! Границите беа фаталност!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од таа страна на границата беше селото Лобаница...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Скришум и во доверба ги прашувавме - добро, нека е така, дека Тито ја затвори границата и е предавник, а како се најдовте вие во Јасеноно и Катланово, штом границата беше затворена? Предавници ли ве лекуваа?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Добро, и да беше лага, дека границата беше затворена, штетата беше огромна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А и на обете страни од границата беше загрозен патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А и границите беа отворени, па зошто тогаш да се бега?!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)