Црн Камен е мал, мазен, заокрулен, црн рид, (веројатно таков, црн, е поради составот на каменот, гранит чиј состав содржи повеќе железо) кој уште од сртот на источниот лак се слизнува во Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од трите страни, од горната, источната, од јужната, од кај Молитвена Вода, и од северната, од кај Станкоски Рид, заграден е со шума, а само од долната, од западната, од кај Драмчески Ливади, сосема е отворен и пристапен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)