Секогаш кога потоа ќе се сетев на неа, помислував на она глуварче и на нејзините раце кои го поземаа свежото цвеќенце во паркот, кога низ решетките на оградата ѝ го подаде едно дете; на нејзините раце кои го кренаа пресуваното глуварче од градите кога тоа падна од меѓу песните на една книга. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само поскоро да стигне. Мислеше ќе ѝ искочи срцето од градите кога седна до шоферот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По смртта на Сара, неколкупати ја посетив Клара во нејзиниот дом, но таму ме дочекуваше непријателството на нејзината мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)