Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Утредента тројцата браќа ги префрлиле преку рамо токмаците и казмите и тргнале накај кулата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога, одеднаш, го чула како блада, покривајќи се преку глава: ’Срце мое, срце мое во градиве мои, брзо ќе се спасиме...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)