градење (имн.) - бункер (имн.)

Мажи, во одминати години, меѓу кои е и Ѓорѓи, а кои тука ги донесоа кога во мај завршија со копање ровови, градење бункери и земјанки на Аљавица, Амуда, Николер и Чарно. Тие копаат и закопуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
При крајот на патувањето, без да извлече наши, посебно мои позначајни реакции од кажаното, како еден вид заклучок рече: - Не брзајте, драги пријатели, со површни и еднострани заклучоци за да го објасните градењето бункери во нашата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)