градба (имн.) - во (предл.)

ПОГЛЕД ВО ИДНИНАТА ...и баханалии во „Белжик жоаез“ АКО првата светска изложба во Лондон, 1851 година, билоа арактеристична со Кристалната палата, втората, во Париз, 1889, со Ајфеловата кула, третата, во Њујорк, со Трајлонот и Перисферата, тогаш сегашната во Брисел ја карактеризира Атомиумот - најчудната градба во светот, која симболично ја илустрира епохата на атомот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многу знаменитости, безброј раритети, историски споменици, градби во разни стилови и многу цркви.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хотелот плени со својата убава и различна архитектура од другите видни градби во градот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во кабината на зелениот камионет, со натпис на вратите што гласеше „Компанија за градба во Идн Парк“, Даниел и брат му, како и секогаш, заедно го јадеа својот ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Белите лилјани се израснати до висината на мојот нос, и попладне, а особено приквечер, можам да го допрам нивниот слаткаст мирис.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Неговиот ентузијазам веднаш ми станува симпатичен (можеби поради презимето што асоцира на Хуго, таткото на Корто Малтезе). Coleshill House, идната палата на богатиот братучед, е одличен предизвик за да се направи нешто различно, друго, од вообичаените градби во тогашна Англија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да не зборувам колку одбивна ми стана сивата градба во која сите студенти се некако кутро избезумени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше натопено многу високи ѕидови, имаше соѕидано многу зданија со својот малтер, во многу градови по главните улици стоеја градбите во кои тој имаше соѕидано многу свои денови, заедно со тешките копанки, а од сето тоа имал само едно уште пониско рамо и само толку заработка, за едвај да може да дочека додека не се започнеше некоја нова градба во тој, или во некој друг град, сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не само што документите се распаѓаат во пеплишта а градбите во урнатини, туку и поголемиот дел од цивилизациите што ни претходеле скоро и да не оставиле трага.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На сѐ можеше повеќе да се мисли, одошто на една толку убава градба во оддалечениот и пуст крај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од околните села изнадојде многу народ да го види мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)