град (имн.) - од (предл.)

Трново секако не живее од историјата, но таа веројатно помогнала за неговото оформување како вонредно живописен град од кој човек тешко се разделува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Менувањето на кулисите на пост-замјотресното Скопје беше вртоглаво. Градот од разгледниците исчезнуваше без милост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како сведок, Милан се јавил пред Судот и го прочитал следниот однапред подготвен текст: „Господа судии, долупотпишаниот осуден во врска со настаните во градот од 28, 29 и 30 април, сѐ што сум рекол во врска со обвинетите лица на кои сега им се суди, е забележано во протоколите на Воениот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Сум одел само до Кратово. И по друг пат, маскарски, над Џгури кај што се топи во жижници олово и сребро. “ ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Град од усвитено железо истураа авионите и веднаш зад нив долетуваа други и постелуваа пламен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Црни облаци се дигаа од земјата, молскавици од усвитено железо се вбиваа во живите тела на немоќните, град од железо ја толчеше земјата и долги јазици од пламен се истураа од небото и ја гореа и пеплосуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„А таму некаде, гледаш татко“, покажуваше накај заснежената Китка, „натаму е таа фамозна санитарна депонија Дрисла, спасувач на градот од ова чудовиште - Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Единствено искачени на Калето, ние можевме да го гледаме градот од средината кон сите негови страни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За волја на вистината, не дојде до градба на насипите и хидроцентралите во времето на сталинизмот, кога Татко, очекувајќи го прекинот на патот на јагулите, го напушти со семејството градот од истекот на Езерото, туку десетина години подоцна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)