град (имн.) - е (гл.)

Сватовите се советуваат со недели напред, и обично одат на пазар без пазар, кога градот е помирен, кога можат послободно да се пазарат со Пушмарковци за шамии, со Алекса баба за бакаллак, со Јашмакот за чевли и со други прилепски трговци, коишто, кога ќе разберат оти е за свадба, не ги пуштаат муштериите па дури и „под зијан" да дадат, само да е за „аирлиа" радоста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Градот е ѓавол, градот е зол градот сурово наденува на кол преполн со завист, нанесува бол загадочен исто ко Гордиев јазол Премногу фарси, премногу маски градот е подготвен сѐ да прими премногу надежи, премногу лаги а градот загаден сите ги голта
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Гоце се намурти, ги крена веѓите, го поднамести појасот и се замисли...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тукушто Гоце се готвеше да излезе незабележан од Битола во мракот, во одајата се втурна еден битолчанец и задишено и вџашено извика: - Целиот град е сардисан!33) Турската војска врви низ градот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Среде градот е сместена голема трговска куќа со безброј катови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност, и онаа што ја има - Искар, е толку мала за Софија, што би можело да се рече дека градот е без река.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Преминот од едниот во другиот дел од градот е особено доживување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ќе ти ја соблечам душата. Ќе си играм со неа. Ќе ти ја чувам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Градов е празен. Град на духови. Пискотници од друмовите.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Докторе“, му рекоа. „Во овој дел на градот е рација. Мораме да бегаме.“ „А ранетиот?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Во Америка не знам кој град е, ама во Англија е Лондон. - Кој ти рекол.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Во градот е страшно, - рече. - Затворите се преполни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во Њујорк вртежот на градот е толку силен, центрифугалната сила локва, што е натчовечки и да се помисли да се живее во пар, да се дели животот со некој.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Градот е фурна - врие од жештина! Никој не може да го разлади!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Градот е опколен од сите страни. Не може ни пиле да се спаси.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Весна си дојде од училиште. Уште од вратата извика: - Тато, во нашиот град е донесен камен од Месечината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Внимавајте, луѓе!“ „Џонс, извлечи го оружјето. Не биди будала!“ „Градот е мртов, нема ништо од што би се плашеле.“ „Никогаш не се знае.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)