Е, ако е тежината во крајот со бојата црвена и вегетата, нането и биберот и двата листа лорбер, тогаш варењето грав во приказната за домаќинлукот спаѓа во средно тешки обврски на секоја женичка што по дома секој ден го прима оној што со неа комуницира само кога треба да ја праша: „Готов ли е ручекот?“ и со онаа другата реплика, која не зависи никогаш од менито туку од видот на типот кој, без да размислува, мора да рече „Пак ли?“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ружа го врати недосрканиот грав во тенџерето и излезе во дворот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не знам како ми текна, само знам дека лошо ми текна, да ставам зрна грав во ушите, да видам колку послабо ќе слушам.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Си имаме свој готвач, тукашен селанец, обучен во војска, кој вари грав во казан а на празник врти јагне на ражен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)