грабење (имн.) - на (предл.)

– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, а сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нивното грабење на коските, на полковниците им причинуваше задоволство.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)