господин (имн.) - кој (зам.)

Веднаш потоа со две девојки кои патуваа до Драчево со комбето (Варја и Лина) Богдан замина за Селишта, за да ја подготви стапицата околу група угледни господа кои Шефот сакаше да ги има в џеп.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А овие луѓе се сите едни господа кои се облечени во црни фракови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не можеше да стане збор за реска граница, но забележливо беше дека во вечерните часови и во ноќите, собите ги користеа угледни господа кои, заради дискреција, ги пуштаа партнерките сами да влезат во зградата додека тие во колите извесно време пребаруваа нешто што никогаш не им беше потребно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Краварката ѝ се пожалила дека нејзиниот господин кој ја венчал пред да почне војната, сега, им се придружил на војските што заминале в туѓина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Евелин во клиниката се спријатела со некој господин кој бил исто така на рехабилитација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Последен пат се видовме пред Нова година, мислам во 2000 и некоја кога како личен багаж пренесов со себе, меѓудругото, десетици и десетици панталони, силно свиткани и изврзани едни за други како колбаси во вентилацијата на автобусот на стар шверцерски начин, потпомогната од еден господин кој држи тезга на зелен пазар за грицкалки и батерии.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама веќе и не ми е толку црвен образот зашто на ред до мене чека господин кој, исто како мене, со врски е пуштен преку ред на следење на изотопот што патува низ внатрешноста, а нему му се радуваат студентките, ама онака без трошка воздржаност и слушам како го коментираат неговиот „стајлинг“ во костум со бела кошула и вратоврска, ама со спуштени панталони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Лерин запознав еден постар господин кој продаваше весници и цигари во трафика.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)