— Да ти се вратат на главата, да рече господ златен! — изусти таа горе Врчкиќовата улица и си отиде дома, та се наплака повеќе отколку мајка и кога умре Крчо оттогаш не му излезе веќе пред очи на попот, ниту пак овој го побара.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тебе ти се чинеше ќе ти дојдат слугинки да ти и гледаат твојте и да ти работат, та запињај да се женат девери ти, желки по меот да му лазат, да даде господ златен!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Последната што ја чу Доста беше: — Пукнало да пукниш, копиле ниедно, душата ми а попарите, некоа сипаница златна да ве вати, да рече господ златен!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо, да не силиме бога, арна е, здрава до вој саат, та потамо — господ златен!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Надвор, кучко касапцка! Па си дошла млеко да ми носиш, пците главата да ви а носат со таа песјачка Маловата; триста алови да ве најдат, да рече господ златен и свега неделичка утрешна!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Оф, мајко мори! Ме касна за срце, змиа лута да те касне, да рече господ златен, од куршум да не куртулиш?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бахтијарпаша страшно се разлути кога го доби извештајот од витолишкиот јузбашија дека Мариовото ушто не е смирено.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па се обрна кон селаните и четниците што останаа крај војводите. — И гледате?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шо не тргате маки кога јас сам си оде, токо кога нарипате вие со Бешот ондеа и ниа даскалите и офицерите шо ме подмамите и мене!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ах, Толе, Толе, да би од куршум не куртулил, да рече господ златен, шо ми a г'тна младоста! — почна и таа да го колне, леејќи порои солзи во темните ноќи, кога си мислеше колку го сакаше и сака, и колку маки и страдании крај него истрга, решена да умре со него заедно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој беше сношчи овде и од него е ваа работа, името да му се запусте, да рече господ златен! — им објаснуваше полчишкиот коџабашија Илко Рошко, дочекувајќи ги едновремено и двата грбачи — од Арслана и Сефедина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Машала, машала, убаво си можел да викаш, — почна да му се руга онбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зошто давате леб, месо, зошто криете од потерите? Ете што криви вие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат на белото видело, да рече господ златен!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Еее! чул ми те господ златен, стрико Јоване!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ми тропнат, леле, на порта, по дворје и одаи да ми се растрчаат, да ми се распеат во бавча китна, во лозје зрело и ливада зелена, Господе златен, семоќен, та тапан да удри и зурли да писнат за свадби, за првачиња и мераците да потечат ко река, леле... Кога ќе ми се вратат, леле, кога?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како брат ми Митре, да му се миросаат коските и Господ златен да им отсече и раце и глави на тие шо го заклаа... - се прекрсти баба и потоа ја дофати фурката и почна да преде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А таа, стегната во неговата узенгија, се молеше, колку за да го заузда стравот, толку и на пусија, иако со окови на нозете:
„Господе златен, да биде ќерка, те молам!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Веќе господ златен ако сака. Тој да се смили за нас!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Само ,господе златен, господе златен" ми иде да си велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Господе златен, и во своја земја да не можеш да си го видиш детето што умира!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ВАСИЛКА: Е господ златен веќе ако сака, во рацете негови да оставиме.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Еден господ златен ако ни прати некое изабавление.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)