господ (имн.) - бог (имн.)

Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред бојот со Италијанците во оние вечерни училишта, со мака успеале да и ги наyчат на грчки првите редови на „Оче наш“ ама набрзо потоа стигнала лошата вест и ете и таа молитва не и помогнала иако и попот и учителот ја убедувале оти Господ Бог сака само молитви шепотени на грчки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од срцата на луѓето ќе го тераме Господ Бог?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако Господ Бог постои тогаш тој не е некаде вон и над постоењето туку во самото постоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А и тој Господ Бог! Како можеше да го измисли ова, да падне на толку ниска гранка. Од толку високо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не дека нѐ нема на начин на којшто можеби нема НЛО или Господ Бог, туку апла нѐ нема!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оттука ни мајка ти, ни Господ Бог не те вадат. Јасно ли ти е!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сѐ што постои сведочи за невидливото, за Господ Бог што не се гледа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се чувствував како мрава под небесната капа над која стои некој и ја гледа, а тој некој не е Он, Господ Бог Седржителот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три дена потоа, низ царството се рашири болест: Господ Бог пушти страшни пликови врз народот, и глувци се појавија, и земјата се тресеше три дни и три ноќи без прекин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во името на Господа Бога, наречен Бог Израилев, си насобра злато како бакар и го умножи среброто како олово; но потоа телото твое на жени го даде, со телото твое роб нивни стана; врз славата твоја дамка стави, го оскверни родот свој: навлече гнев на породот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ, небаре од самиот господ бог подржано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И Господ Бог благоволи да почине неговото пречесно тело во Рим.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Туку гледате, ги исфрлиле од себе неубавите, груби капутишта, ги слекле тешките војнички кондури, која боса, која по калци, бели, домашни, која по свилени чорапи добиени на крос-контрите (како награда), - која по гаќички, која во селско шајачно фустанче, која со долги, мили раце, бели, слаби, о боже, некоја што била малечка се извила, заластарила, високо, до небото, друга се смалила, се свиткала, се подгрбавила, о господе боже!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Така де, знае Господ Бог што прави. Нека Му е слава на небесата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со усти проколнати благослов барам од господ БОГ кој ме испрати на земјата. Со раце дигнати кон небото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Господе боже, и своето мораш да го крадеш. И од своето да крадеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)