господ (имн.) - може (гл.)

МАТЕЈ: Ти си го прашал учителот по веронаука дали господ може да направи камен толку тежок да не може да го крене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само ти и господ можете да ме спасите, — му рече и му ја предаде кусата манлихера што му ја купи Толе Паша во Софија пред петнаесст години од „Браќа Иванови".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Докусуруваа трета лубеница, руменикава, со сочно срце, и шепотеа само господ можеше да им биде сведок зад заклучена врата и заворениот прозорец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)