господ (имн.) - знае (гл.)

Кога ти го вела воа, не сакам да сјодиш од нас, ама тоа кога да е, ќе си биде, ќе се оди тамо, побрго или подоцна, тоа господ знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дочекот не беше господ знае како срдечен, но сепак беше дочек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Господ знае каде ќе го одвеат самовилите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете, нивичките ни се подгоени од лани — оломнани; па и тајфата не оти господ знае колкава ни е та да нема шо да работиме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И интересите на Бугарија не господ знае што означуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во една куќа таткото е од една народност, едниот син од друга, другиот од трета народност и еден Господ знае до кога ќе продолжи да биде така!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, важно е само тоа дека тоа не господ знае што означуваше за да не може да биде заменето со друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КРТОВИЦА: Што се крие во него, господ знае!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Уште колку му останува? - праша Рада. - Само Господ знае, и тој ја одредува должината на мигот суден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само Господ знае каде е тој! Ја користи секоја прилика да се искраде од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот дознав преку штури непроверени информации дека заминал на работа во странство. А каде, сам Господ знае?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
„Никој не знае што уште ќе случи. Само Господ знае. Пиј малку вино, Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Можност да патуваат“ продолжи Марко. „Животот да го видат поинаков... Господ знае. Откачени се, признавам, ама не се лоши луѓе. Ќе видиш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Господ знае“, рече Хари со својата вообичаена мрзоволност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот свет ги покрива ретко расеаните капки крв во пустите улици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ти како сакаш„, ѝ рече на Тодора, „ама јас на огнот сум вечен роб уште од раѓање, а само господ знае дека на сите тревата ни е прва одежда, а црвите вечни гости”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од каде се створија сам господ знае, ама набрзо се виде дека се права претходница на една друга глутница, ама сега војска, аскер и јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еден господ знае како стана тоа така, а сите бевме заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господ знае од која доба се будат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш ќе го прашаше питропот Танаско: „До каде си, Арилко? Ќе завршиш ли скоро?“ Тој ќе одговореше: „Господ знае, Танаско“ и ќе ја затвореше вратата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
13. САМИОТ ГОСПОД ЗНАЕ ШТО И КАКО ЌЕ БИДЕ - да дојдеше на светов бар пратеник негов да го искаже пророштвото на поминот иден на бродоломник што нејќе да плива кон брегот...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Саде Господ знае колку и неѕвездени ноќи Трајаница била загледана во најсветлата Ѕвезда...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Било па поминало. Само Господ знае. А ние сме неуки за да ги следиме неговите упатства“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше право. Не постојат правила што ќе ни помогнат да ги растуриме тешките наслаги што ги трупа врз нас животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој реши дека е поумно вечерва да ја преседи, велејќи: „Облечи се и оди, силвупле”. Нему за љубов таа тоа и го направи и, господ знае како, го прави и сега. 62 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нејзе ѝ годеше кога слушаше дека е убава, дури и преубава (Господ знае што значи тоа!), ама и се лутеше кога ништо не велеа за Дончо, ни дека не е убав, ни дека не е - нешто друго!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не им ја знам судбината. Можеби се живи. Господ знае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ВЕСОЈ ТУНУЗИ ПРЕВРЗАНИ - вид фесови, капи; туниски фес
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ДЕМЕК ОЛУР - значи бива, бидува
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
АЛАБИЛЕР - Господ знае; кој ќе знае
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот снег ги покрива ретко расеаните капки крв по пустите улици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Господ знае што има подземи во подземната солена катедрала во Зипакуира: можеби индијански мумии, можеби конквистадорски мермери.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- По кој пат сине? - Господ знае!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еден господ знае кај беа отидени грнчарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зборовите му гргаа, му се превтасуваа како матни надојдени води.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Ако не знаеш ти и господ не знае, му велам јас оти господ знае за нас само колку што знаеме ние за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Јужна Америка“, прошепоте таа, а очите ѝ поигруваа од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(Господ знае какви инсекти можат тука да живеат - и земја, земјата мора да е полна со бактерии, а да не ги споменуваме пајаците, црвите и слично) и без тепих (погодно тло за буви, вошки и инсекти).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште смешкајќи се таа ме поведе до софата од црн скај и бавно се спушти до мене нишајќи го виното во својот скут. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 154
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)