горештина (имн.) - на (предл.)

Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој милува една убава лика, таа што го допре во сонот, та уште да ја чувствува чудната горештина на тој образ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)