Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога станува збор за гордост и достоинство, тоа беше одлика на еден човек што го познавав.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Прчестиот нос зборуваше за нејзината гордост и своеглавост.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Гледавме стрештено час во логотетот, час во Лествичникот чие лице сјаеше од гордост и самовозљубеност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А и кулата за градскиот саат, која беше довршена и го доби на врвот саатот довлечкан од Сигет, ги крунисуваше тие дела за гордост и пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Порано беше понизен како човек што од мал е научен на гордост и понизноста ја сфаќа само како добро однесување.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И подарок песна денес ти давам ка тебе вечен Пирински џин, за нашата гордост и твојата слава ти пеам песна, народен син!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Во душата чувствуваше како му се разлева гордост и радост.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А тоа пламтеше од радост и гордост и со потценување гледаше кон заспаното сино јоргованче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Затоа оваа жена- борец е пример за бескомпромисност и бестрашност во борбата за ра- ботнички права против богаташите-капиталисти, без притоа да се изгуби гордоста и достоинството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По три години од рестартирањето и сечењето црвена лента од тогашниот политички и бизнис естаблишмент – фабриката, за време на Светската економска криза (2008-2010), ги отпушти сите работници како технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, [не]среќата на оние кои продолжија да работат траеше кратко.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)