И кога влезе во земникот, дамла ќе го удреше: која ли е оваа самовила од гора зелена?! Гледа Илко и на очите не им верува.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
1. Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена под тија буки високи по ќилим сенки широки.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
А таде - в гори зелени в сума гробишта лежеа делии - одбор јунаци за татковина паднати.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Дејгиди горо зелена! Дејгиди водо студена!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
За миг од дебелата ладовина се разнесува песната: „Горо ле, горо зелена, имаш ли вода студена, да дојдам да се напијам.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
За миг писнува гајдата. Комитите се фаќаат за рамената.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Се залулува китно, леко оро.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Горо ле, горо зелена имаш ли сенка дебела да легнам да се наспијам...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ех, да ми беше ти, мајко, согласна, ќе ја грабнев Симка, па право во гора зелена! Да биде горека невеста!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: (Скокнува). Што е?... Што има?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Прв предзнак Јас и ти патуваме, во непознато место и непознато време, а сепак така блиско, патот нè води, кон гора зелена, темна, манастир на патот и река, и тука ние, еве манастир се гледа, некој нè чека.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)