Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој ден од сѐ ми се гадеше, од водата и храната, од моето тело, од зборовите, и од воздухот, што со некаква одбивност го вдишував во тенки голтки и брзо го испуштав, и чекав колку што можев подолго до следното вдишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Професорот Пол отпи голтка и подждригнувајќи како змеј, изјави: „Ајкулата не е риба, а ако е риба, тогаш е и црв, огромен накострешен црв.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)