година (имн.) - постар (прид.)

Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше две години постар од Рози и тие израснаа заедно, и таа го познаваше толку добро што можеше да му ги чита мислите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сопственикот на кафеаната во која Земанек одеше да помага за некој денар беше богат младич; беше десет години постар од нас, и набргу многу го засака Земанека.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури тогаш бев воведен во учебната програма на американската геј-култура која дваесетина години постарите геј-Американци веќе ја знаеја наизуст, но за која бев одбивал да учам од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше десетина години постар од мене, но поим за мојата генерација. Фраер и пол!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Коте, кој беше две години постар од мене ги памтеше планините.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата што Густав ги имаше со нив за него беа плод на еден кус и во потполност завршен чин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Околу нозете носеше метални апарати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека полека го јадев јаболкото, тој ми раскажуваше за две вљубени птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од него забремениле жени кои изгледале десетина години постари од својата вистинска возраст и кои го чистеле неговото атеље, девојки кои биле модели за неговите слики, работнички кои ги среќавал кога доцна попладне, уморни, од фабриките се враќале дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја виде нејзината врамена фотографија при неговата прва посета на домот на дедо си, ја препозна и рече дека брат му му кажувал дека таа сега лежи в земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше шест години постар од мене; се сеќавам како приоѓаше до мојот кревет принесувајќи ми лажичка со мед, или јаболко со кое прво ме погалуваше по образот, а потоа го доближуваше до мојата уста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле не ја помнеше мајка си. Софи Фројд Халберштат умре кога тој имаше тринаесет месеци; ликот ѝ го знаеше според фотографиите кои ги направил татко му, а слушал за неа од својот неколку години постар брат Ернст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа му велеше дека начинот на кој се изразува не покажува дека е слободен, туку дека ги презира жените, дека им се потсмева и ги понижува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа мора да беше во 1973, во секој случај беше приближно во времето кога тој и Кетрин се разделија но датумот што беше навистина, беше важен седум или осум години постар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Девојка повозрасна, неколку години постара од него. Едноставна. Практична.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Решаваше да му се исповеда на Кулета, којшто беше четири пет години постар од него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сум десет години постар од тебе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Границата повеќе не ни пречи!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука е и првата братучеда Рукие, десет години постара од мене, со која се гледам првпат, по шеесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Брат ми сè уште ми води во градови и земји, ама ме теши тоа што е пет години постар од мене и што веројатно, како сум тргнала, наскоро ќе го стигнам и ќе се израмниме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голем тркач е тој, постојано нешто прави, некаде оди, некои успеси постигнува, и мене што друго ми преостанува освен да се вклучам во трката?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Огне е една година постар од мене, а една помал од Борче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Супер си поминуваме ние тројцата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)