Но Македонците ги успокојуваа Бугарите: Чекајте вие, нека ни дадат нам автономија, па ќе видите оти по неколку години таа Македонија ќе биде бугарска, зашто повеќето од македонската интелигенција го доби своето образование во Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа гласеше: „Решение број 12 од ден 7, четврти месец година таа и таа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И сега, по толку години таа чувствува закрила, охрабрување кога застана лице в лице со него. Замаено гледа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По педесеттата година таа тема за мене беше веќе ветва, но за Лилица, многу помлада од мене, можеби и не.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
По една година таа се омажи за висок, сув Рус со весели очи и ретка коса.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од година во година таа станувала средиште на многу сказни и приказни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И за сите четири години таа го чекаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од година во година таа нејзина заинтересираност станувала сè поголема низ историјата, а во XX век, веќе дефинираниот интерес дошол во судир со интересите на Австро-Унгарија и Русија, а во текот на Втората светска војна со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И не сонувале, меѓутоа Доситеј Давидовски тоа негде го прочитал, пред многу стотици години таа болест со еден замав покосила половина жители на Европа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Почитателите на поповото враќање во минатото се сомневале дека така едноставно се умира без куршум и без тресок на железна круша со мал вулкан во себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И не само тоа: во 1967 година таа стана прва атеистичка држава во светот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
5. Разделот три од овој Закон носи наслов: Извршување заради наплата на парично побарување – и во Главата XII [„Извршување 152 врз подвижни предмети“] се предвидени извршните дејствија: попис, процена, пленидба, продажба на стварите и намирување на доверителот (чл. 85, ЗИ). 153 Вујошевиќ против Сојуз на синдикатите на Македонија Спор за неисплатени плати и надоместоци1 De rebus litigiosis et convenire et transigere possumus.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странките се господари на спорот [и тие можат да се договараат за спорните работи или, пак, да ги повлекуваат своите барања] (Paul. – Sent. 1,1,5) Работничката Мимоза Вујошевиќ од Скопје (сега 57-годишна) беше во редовен работен однос во Градската синдикална организација Регионален совет – Скопје, а од 1998 година таа се води како вработена во Сојузот на синдикатите на Македонија – бидејќи ССМ, кадешто има околу 70-на вработени, по трансформацијата е правен следбеник на поранешната ГСО – која, пак, се смета за негов конститутивен организациски дел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)