Неврохирургот Делгадо, еден од пионерите на електронскиот феномен на мислење, веќе 20 години ги лекува своите пациенти со имплантации.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа последна територија е мошне слична на концептот на Арто (Artaud) за „тело без органи“, тело на чиста присутност коешто судбински го означи и животот на Арто и неговата теорија на театарот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Интересно е, имено, што теоријата на театарот влијае и врз технолошките уметници и теоретичари кои често го споменуваат Арто како „оној што уште пред педесет години ги слушна обдукциските гласови на Интернет“ (информации за проектот Artaud на Rhizom net).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сега знаеме дека напредокот на електрониката со себе ги носи протезите на интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите. Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овде е многу топло. Сто осумдесет и третиот ден од годината ги спушта ролетните, влкучува вентилатор, чести гајба скопско пиво најладно.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Требаше многу да се помага зашто мајка му не можеше сѐ сама да постигне.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мама вели дека се распарени и баба со години ги собирала.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ташко брзаница дотрчуваше, колку да нѐ види и да ни каже како е сестричката.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во следните петстотини години ги има вкупно триесет, а во наредниот милениум уште шеесет.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Мојата роднина Емилија тврдеше дека се тоа каталози на исчезнатите бродови што секоја година ги издава трстјански Лојд, но кога ние ќе влезевме во берберницата, врз таа загадочна литература се најдуваа бргу решени крстозбори од енигматските списанија или замастени фотографии од порнографски ревии.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така следните пет години ги помина во средното Кодошко училиште, каде за големо чудо на неговите блиски почна да реди најдобри оценки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На пример, Гастон Жили и Пјер Пату во дваесеттите години во Париз го проучувале посебниот вид на апстрактно хаотично движење, што доведе до убави и модерни „фрактални“ слики коишто седумдесеттите години ги правеше Беноа Манделброд во ИБМ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Двајцата работници, што со тешка мака се искачија до првото скеле, беа започнале испрекинат, несврзан разговор: - Петнаесет години ги искачувам овие пустиње!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Спомени. Мили. Долгите години ги имаа само разубавено и украсено со ореолот на светост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Заедно растеа, заедно во едно лето пред седум или осум години ги откриваа убавините и привлечностите на планината, трчајќи, скокајќи по ритчињата и полјанките.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И одеа двете момчиња угоре, носејќи ги во мислите смелите партизани, кои пред триесетина години ги минувале овие места.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На филм почнува да работи како монтажер во 1965 година и следните единаесет години ги минува монтирајќи филмови, вклучувајќи ги и многубројните документарни филмови за Централната информативна служба. 1966-та година, започнува да ги реализира своите сопствени филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На крајот, несреќното совпаѓање на епидемијата на ХИВ/сидата со напливот од урбанистички и земјиштен развој, џентрификацијата и следователното поскапување на недвижностите во 1980-тите години ги разорија геј-гетата што кон крајот на 1960-тите и 1970-тите и почетокот на 1980-тите години беа центри на геј-живеењето и на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години.
Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сан Франциско, процесот на планирање започнал во 1950-тите години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, ова повлијае врз начинот на кој сега живеат сите геј-луѓе.444
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Воениот оркестар свири маршеви, владиците и даскалите држат говори, а месните, сега малобројни шегаџии и во одминати години во спомен на Павлос Mелас тивко потпевнуваат една од песните што пред многу години ги пееле шегаџиите од околните села: Е, ре Павле, ре Павле, Паметвиш ре Павле, Кога се криеме о ена воденица О која најдоме ена вдовица, Која ни даде биеница И му трнаме по ена палица?....
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оние кои имаа петнаесет или шеснаесет години ги оставија во селото и наредната година им нарамија пушки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш мајка ги кажа оние зборови кои со години ги беше заборавила, а ми ги кажуваше на почетокот од мојот живот: “Ќе беше подобро никогаш да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Му требаше простор за дишење поголем од дневната соба, од училиштето, од градот, па дури и од „продуховените“ дискусии што со години ги водеа со истото друштво.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Растрепканиов поет уште веднаш ги амнестира сите што тој со години ги чуваше по затворите, а потоа ширум им ја отвори земјата на странциве.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Следните две години ги мина сожалувајќи го.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Мртви, вратете му се на својот свет! Но мртвите останале таму кај што ги закопале живите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бурните воени години ги растурија семејствата како ништо друго.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Треба да се рече, во Киев постои цел куп на старици и постари дами, кои останаа без ништо.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За овие зборови Рада воопшто не беше подготвена, иако со години ги очекуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Баба Роска го гледаше во чудо - тој човек кој со години ги фасцинираше сите со бистрината на својот ум и со беспрекорното паметење на ликови, имиња и датуми, како се претвора во физичка и психичка рушевина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Порано, пред што Јанческите му направија таму куќа на Видана свој, тоа беше во предвечерјето на последната Голема војна, поточно четото 1939 година ги викаа, едноставно, Извориште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но откако Видан јанчески, откако се насели таму, ги огради со убава дрвена ограда и на оградата стави вратниче со нажапчување, ги завикаа Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Европа поминува добар дел од својот живот (од 1914–1921 живее во Швајцарија, а последните неколку години ги поминува во Женева и таму умира).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Прогласен е за почесен доктор на повеќе универзитети.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Конечно сме препознаени. Со години ги гледав Југословените како сакаат да бидат препознаени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој со денови, месеци, речиси една година ги средуваше своите книги и никогаш не успеваше докрај.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Ти си глупаво старче накитено како паун. Со години ги лепиш пердувите на задникот, а не мислиш на ветрот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој се повлече уште повеќе во себе, особено откако пред една година ги вратија од бањата на Каплан. Го паметеше тоа убаво Ѓулсиме.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште од најрана возраст, некаде на четири, години ги запишавме на пливање.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Втората категорија, пак, се жените кои во периодот 2000-2003 година ги имаа потребните години за одење во пензија, но го немаа потребниот стаж, бидејќи за тој период наместо 20 години пензиски стаж со промените од март 2000 година станаа доволни и 15 години стаж (чл. 5). во години Возраст Пензиски Година мажи жени стаж 1994 60,5 55,5 1995 61,0 56,0 1996 61,5 56,5 20 1997 62,0 57,0 1998 62,5 57,5 1999 63,0 58,0 2000 63,5 58,5 2001 59,0 2002 59,5 2003 60,0 15 2004 64,0 60,5 2005 61,0 2006 61,5 2007 62,0 Табела 1: Возраст и пензиски стаж со кои се стекнува право на старосна пензија 92 Треба да се спомне и дека со одредбите од измената и дополнување- то од март 2000 година се предвидува изземање од промените што се однесуваат на стекнувањето право на старосна пензија на оние лица кои на денот на почетокот на примената на ова измена и дополнување (1 септември 2000 година) имале пензиски стаж од најмалку 35 години (мажи) и 30 години (жени) (чл. 30 и 35, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уште есента дојдоа грчките андарти (кои пред две три години ги поклопија селата: Градешница, Будимирци, Старавина, Бзовиќ и Груништа, оние каде што Толе паша собра најмногу востаници на востанието за да го брка Турчинот) на манастирот свети Илија во Мелница и ги заклаа сите петмина момци со десетгодишното дете на маѓерот Стојка, оставајќи го дедот Сталета сам во неговата кула, откако им вети дека и тој ќе се погрчи и ќе им помага во нивното „свето дело".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од година у година ги прават све поголеми и понамрштени.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
По правило, тие четири години ги проаѓаат у пронаоѓање маани на ова општество.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Така е запишано во вашето досие” ми го упатија првото прашање во кремљската комисија. ,,Да, товариш претседателе, добро ги познавам руските јагули, триесетина години ги проучувам, но има многу работи кои тешко се откриваат, особено кога е во прашање нивната миграција.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Додека живееше овде, неколку месеци од далечната 1947 и 48 година ги поминавме како многу блиски пријатели.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Чупињата на наши години ги смируваа, ама и тие плачеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ние обајцата тие „формативни”, постадолесцентски години ги минавме во таа на некој чуден начин дури и либерална СФРЈ, купувавме плочи, најнови книги, имавме три премиери неделно во кино...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Те фура на ентузијазам новава состојба или си резигнирана?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во списокот на повеќе од 150 „непригодни“ рок и поп нумери што по бомбардирањето на кулите во Њујорк ги објавија здружените американски радиостаници, се најдоа десетина што со години ги свирев по игранките: Imagine, In The Year 2525, Hey Joe, Obla Di Obla Da, Knockin`on Heaven`s Door, Bridge Over Troubled Water…
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Попусто кутри татко ги молел барем само чевлињата за детето да му ги дадат, дека јас цела година ги чекам тие чевлиња.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сите беа мокри од пијачките што се истураа врз нив. (извадок од Понеделник, 2 Јануари, 1978) Кога 1989-та година ги објавија Дневниците на Ворхол јас едноставно морав да ги имам.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не сопрев да се валкам во него сѐ додека речиси буквално не ми се слоши.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа рече, „Никој не ме сака.“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Посебно изненадување за мама Злата беше колекцијата на егзотични љубичици, што со години ги одгледува учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Првин тоа беше мојот татко, кој, како што пишувам во Татковите книги, с додека беше жив, дури во залезните години ги читаше првин моите новинарски прилози од еден долг период, а потоа и првите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Од 62 години живот 55 помина во егзил во Турција, Франција, Белгија, Англија, САД, а седумте преостанати години ги помина во родната Албанија, во составот на Отоманската Империја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка во есента на 1940 година ги води своите деца во еден ров за време грчко–италијанската војна во Поградец во потрага по излез, спас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мелоди Самнер е родена 1951 г. во Тексас. Денес живее во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нејзината проза се појавувала во многу авангардни списанија, весници и антологии, вклучувајќи ја тука и антологијата на Ричард Костеланц, Десето Собирање (Tenth Assembling).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сигурна сум дека сеќавањето на овие нешта е подобро од било што коешто денес би можела да го доживеам. превод: Г.Н. Ом
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се сеќавам на шарите на тепихот во неколку прекрасни куќи коишто со години ги посетувавме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Смешно, зарем не. Сега сите тие луѓе кои на деветнаесет години ги служев кафе, виски, им менував пепници (меѓу кои беше и тогашниот претседател), ми го враќаа кафето зошто немало доволно пена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како четник, тој повеќе од една година ги обиколувал македонските планини, а потоа емигрирал во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Детските години ги поминал во задоволство и безгрижност.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)