година (имн.) - станува (гл.)

Агата пак, се грижи за нивната егзистенција која сè повеќе зависи од часовите по музика, како што пензијата останата од татко ѝ од година во година станува сè поскромна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Османлиите, во времето на моќниот султан Сулејман Величествениот и најголемата експанзија, по неуспешните опсади на Виена, верувале дека градот на реката Вардар ќе биде првото нивно упориште на Балканот, еден вид истурено предградие на Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие, пак тие ветрови, а ние со годините стануваме сѐ почувствителни на едноличност.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Насер го прегрнува... Ѕвездата на Арафат блеснува на меѓународната политичка арена на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брат ми предложи да се качиме на гондола. „Не,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во почетокот на пролетта 1969 година станува и официјално претседател на Организацијата за ослободување на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во XIV век Скопје ќе стане втора царска престолнина на српскиот цар Душан, а кон крајот на истата година станува дел на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не го гледав она што некогаш толку силно копнеев да го видам; меѓу моите очи и Венеција паѓаше онаа завеса што со годините станува сѐ понепроѕирна, сѐ потемна, а која нѐ дели од сѐ она што е околу нас, па ни се чини дека и она што ни е и на дофат на раката му припаѓа на некој друг свет, свет кој не ни припаѓа нам, и во кој ние не припаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)