година (имн.) - остане (гл.)

Со други зборови, наместо досегашното важење на овој закон за лицата кои до 31 декември 2004 година останале невработени, временската рамка се проширува и овој закон важи за сите оние работници кои останале без работа заклучно со 31 декември 2013 година (чл. 2 и 3 од ЗИД на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Децата од три до шест години останаа во Будимпешта, а со нив остана и снаа ми Христина со Слобода и Севда, а и другите деца од нашето и од другите села на таа возраст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги остави, поправо го нападија Ѓурлуковци Ѓура од Мариово, и за прв пат мариовските шуми по петнаесет — шеснаесет години останаа без него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше недела попладне и возот мирно поминуваше низ гратчето Атапл, кое се наоѓа точно на излез од Булоњ.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
– Да, по прогонувањето на апостолскиот претставник и двајцата стрелани бискупи, три години подоцна, тоа впрочем можевте прецизно да го утврдите и од изложеното пано, од 93 свештеници во служба во 1943 година, во 1952 година останаа 13 „верни свештеници“, а од 25 језуитски отци, и 52 францискански отци, 200 чесни сестри – не остана никој.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И покрај искреното жалење на мајка си, Агата Голдблум и во својата четириесет и седма година остана имено госпоѓица.  Во административниот дел на Центарот, ја пронаоѓам вратата и застанувам пред неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој нѐ предупреди, и навистина, потоа три месеци ме следеше F.B.I.” •Озлогласената се прикажуваше повеќе пати во целиот свет и дури и по 20 години останува крајно модерен филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тука, велам, мајка Фимка донесе на свет осум чеда од кои на три им нарамија пушки, четири и собраа и ги однесоа по државите и едно, најмалото, душа остави во Прењес, во Албанија, а синот, третородениот, со нестасани осумнаесет години остана на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)