година (имн.) - има (гл.)

И други години имало снег, но ништо од училиштето не можеше да ја оттргне детската врева.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секоја година има се помалаку цреши, ама се се повкусни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога Деспина ќе биде матурантка ќе дојде и Александар од Берлин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во 1915 година имало 90.000 декари градини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој град секоја година има светско советување на балноелозите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, оваа година имавме само пет Маргини, за разли­ка од седумте во 1994 и 95-та.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но Аце на 28 години имал поголеми мадиња за разлика од сите овие педесетгодишни давајгазовци кои во своите битки можат да се пофалат само со разранети колена и згрбавен рбет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според постојаната документација британскиот оддел на СОЕ уште во почетокот на 1943 година имал одредени инфомации за активноста на “македонските герилци“61 кои биле “активни северно од Прилеп“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Северна Ирска младите под 18 години имаат забрана да престојуваат на места кадешто се точи алкохол, додека во Британија оние над 14 можат да влезат, но не и да консумираат алкохол, сѐ додека не станат полнолетни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со години имаше гостилница за храна, потоа имаше и скараџилница на една од ѕвездестите авении во градот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И јас ја играв таа игра, додека тој не реши да почне од ново: да оди кај таа жена, да се подмлади (оти мажите во тие години имаат силна потреба да се подмладат, иако тоа е чиста утопија).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе ти кажам дека мене не ми е битно: Како се викаш, што работиш, како заработуваш за живот, дали некаде членуваш, како се облекуваш, каква музика слушаш, колку години имаш, во која фирма работиш, како ги трошиш парите, кој јазик го зборуваш,колку си висока и тешка...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во 1903 година имал одвај 19 години.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ме фотографира во моментот кога излегов од шаторот и запиша некои работи: дека учам одлично и колку години имам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Седејќи на балконот Благица гледаше на местото пред нивната зграда, каде што минатата година имаше нишалки, вртешки и клацкалки, каде што така весело се поминуваа летните денови, а пак сега стоеја само неколку дрвени диреци.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Изгледа дека има некој закон по кој сите млади револуционери бездруго треба да изгледаат токму како тебе. Колку години имаш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе се сетам колку години има, пак ми станува помлад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зеленикави карпи краставо ги кителе ридиштата со пештери и пештерчиња: судбината на скаменетоста ја решетеле џиновски црви што можеби живееле во минатото; тоа луѓето од селото чекор по чекор и со векови навлегувале во земјата, копале и со крвави раце делкале воденички камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку години имало тогаш момченцето - четири, пет? Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Колку години имаш? со отсутност на нељубопитен човек прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Колку години имаш?“ праша. Ѝ кажав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш, во далечното детство, како што му се чинело на Лозан Перуника, неговиот дедо со благо лице на старински јунак го завиткувал во својот дебел и секогаш чист кожув, го држел на скут и го упатувал в живот преку прикаски во кои победувала храброста и чесноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето ѝ остана благо, само брчката над левата веѓа потемне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: Колку години има Никола?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- И оваа година имаме богата жетва. - забележи Ѓорѓе. Времето се погоди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Казнувањето на наркоманите претставува лоша политика поради најмалку пет причини: Казните за уживање дрога неправедно ја ограничуваат слободата на полнолетните лица да користат супстанци кои не се ништо поопасни од некои други кои легално можат да се набават и ги затвораат луѓето поради постапки кои, за разлика од поголемиот дел на кривични дела, не нанесуваат директна штета на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ниту полови, ниту роднии, ниту годините имаат врска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во последниве неколку години имаше многу трагика во нејзиниот тековен живот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од сликарите, времето најмногу го потврди Макс Бекман (којшто токму во изминатата и оваа година имаше неколку бележити ретроспективни изложби низ светот), но тука е и незаобиколното историско значење на уметничките групи „Мост”, „Синиот јавач” и „Нова сецесија”, кои околу себе обединуваа мнозина важни сликари (Нолде, Кирхнер, Кандински, Кле, Грос, Дикс...).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Две години имаше поминато како член на редакцијата на списанието „ Меч и оклоп“, официјално гласило на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со години има мањак на доктори и покрај тоа што минималецот им е 200.000$ годишно. (Бај д уеи, медицина се студира најмалце 12 години.)
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од осамостојувањето на Република Македонија до денес се донесени три закони за трговските друштва, во 1996, 2002 и 2004 година, 1 со тоа што вториот никогаш не стапи на сила.  2 Законот од 1996 година има претрпено дури 13 промени, 3 додека законот од 2004 година досега претрпел 3 промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На 80 таков начин, на лицата со над 20 години стаж на осигурување им е скратено примањето паричен надоместок за 4 месеци, па тие, наместо да примаат паричен надоместок 18 месеци, од 2003 година имаа право на паричен надоместок за време од 14 месеци (чл. 5, ЗИДЗВОСН/03; види Табела 1).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Колку години има Карл?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
– За јадење еднаш, за цела година има да издржиме – изјави Стојан Пејо, еден од бунтовните селани, член на овој востанички штаб. – Дрва за горење има за две години – рече Васил Петко од истото село на кого му беше возложена оваа задача.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Држејќи го паспортот сѐ уште отворен, тој ја праша со променет службен глас: – Колку години имаш, Мајко? – Да ти кажам колку години имам, зар не пишува на пасошот?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку години има Аце?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Колку години имаш? - праша првиот. - Скоро ќе наполнам четиринаесет.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се насмевна во себе. Секако, секако ... овој човек на плажата — колку години има? Шеесет и пет? Седумдесет? — чкрташе и шаркаше наоколу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но и во поодминатите човекови и машки години има мигови кога солзата не е нишан само на слабост, на болка, радост, тага и гордост, ами и нишан на очовеченост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веќе три години има, а уште не зборува како што треба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дека е толку голема, а сепак, не зборува како што треба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Пет години има оттогаш, вели, ама паметам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А нашите другарчиња - треба да си искрен - многу се иницијативни, на пример, први покренаа изложба на домашни миленичиња, или изложба на икебани што сами ги изработуваат, за тоа минатата година имаше на еколошката страница, па дури и фотографија во колор - од натпреварот за најуспешна икебана.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тие и оваа година имаа изложба на икебани.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
До октомври 1944 година имало околу 40 членови на ОСС во склопот на петнаесет воени мисии распоредени во неколку територии што биле под контролата на партизаните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ОДГЛАСОТ НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈНА ВО МАКЕДОНИЈА ВО САД ВО 1942 ГОДИНА
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ех!!! - А ти, колку години имаш? - му се обрати Боливиецот на оној што седи во ќошот од земјанката. - Јас ли. Седумнаесет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти, ти, таму во ќошот, колку години имаш? - Па уште некој месец и ќе наполнам шеснаесет... - Добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Коледе, Божиќ и Василица си ги правевме секоја година, ама таа година имаше нешто посебно во подготовките: родителите нешто ќе прават, нешто во врска со новата црква и со училиштето, па ќе се соберат сите, а нам децата веќе ни имаа порачано да собереме дрва повеќе од кога и да е порано.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беличот како да имаше однапред смислен одговор на ова неизбежно прашање. – Јас не бев тогаш дома, а него не го примиле. – Зошто? – Бил малечок. – Колку години имаш? – Кој, јас ли? – Ти. – На Петровден наполнив осумнаесет – излага Беличот. ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Види резервна гума. {Пауза) Колку години имаше кога отидов?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Цел живот го помина како аргат. Јас на 26 години имам своја канцеларија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога виде татко ми каква корист имавме, тој ненадејно ги зголеми и така за неколку години имавме околу петсто молзници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како за среќа овците сите се ојагнија, така што другата година имаше повеќе и волна и млеко и сирење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе прокопсаш таму за 25 години. Колку години имаш сега?“ „Дваесет и осум, светол бегу.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ми личи да се фалам, ама да те прашам, колку години имаш ти сега?“ „Дваесет и осум“, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред години имавме само тројца потурчени, од една или друга белја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)