година (имн.) - гледа (гл.)

2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кратка по должина и несредена, тогаш, пред 30-тина години, не беше ни за спорт, ни за спот, ни за да легнеш на камењата, ама кој на 18 години гледа на тоа?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јатрва ѝ Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да ѝ соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така ќе се повика на најдлабоките стравови на рајата, која со години гледаше како оние на север мајка ѝ ебаваат на Југославија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)