Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Гласовите на работничката класа и женските гласови не се слушаа во буржоаската јавна сфера; овие исклучени групи мораа да развијат свои, независни форуми на изразување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Значајно е, меѓутоа, што не само што не биле сите лидери на Организацијата против дејноста на МНЛД, па значи и против Мисирков, туку некои од нив имале дури и идентични или еднакви гледишта за основните прашања за македонското ослободување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Проучувањето на едно машко геј- гледиште за светот не подразбира и дека тоа треба да се проучува од машко геј- гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)