Клучот за Витгенштајновите гледишта во овој поглед е PI, I, 205.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сметам дека постои можност она што изгледа најисправно во Витгенштајновите гледишта во оваа област, имено, барањето за јавни ограничувања во поглед на стекнувањето и употребувањето на компетенцијата за следење на правилата, може да биде замаглено по пат на неговото поврзување со вакви незадоволувачки последици.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Лесно е да се согледа зошто некој кој го прифаќа второво гледиште, имено, Фјодор може да рече дека го смета за застрашувачко (негов збор) тоа што Витгенштајн нема теорија на когнитивните процеси, и дека е „болно очигледно” (одново негови зборови) дека Витгенштајн никогаш не успеал да ги разниша нашите бихејвиористички инклинации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Фаерабенд го изразува ова гледиште во еден парадокс во својата книга од 1987 Farewell to Reason: „Најдоброто образование е она што ги прави луѓето имуни на систематските обиди за образување.“
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На тој начин, негирањето на Фрегеовската објективност на смислата е поместено врз претпоставената неадекватност на интенционалистичката психологија која лежи во нејзиниот темел.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Само еден екстремен скептицизам во однос на науката - и отвореност кон другите модуси на знаење и начини на живот, колку и да ни се туѓи - можат да 96 Margina #4-5 [1994] | okno.mk ни помогнат да ја избегнеме оваа опасност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)