гледање (имн.) - во (предл.)

До гледање во Скопје, Кире! - се простив од карикатуристот од Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од долго гледање во нив Борко за момент ги изгуби.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се сеќавам, еднаш во Десеттата улица дојде и седна покрај мене, велејќи: „Да разговараме“; и, се разбира, тоа не го сторивме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чек. Фрлениот конец. Мона Лиза. Музичките ноти извадени од шапка. Стакло. Сликата на пушки- играчки. Нештата кои ги наоѓаше. Значи, сѐ што се гледа, секој објект, заедно со процесот на гледање во него, е Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За асексуална дружба од недела дена, за муабет и гледање во дланка! И не ја враќа назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
troglodyte mode, hek mode, стадиум на ларва - програмирање во темна соба, со очила за сонце и со инвертиран екран (црни букви на бел екран) поради болки во очите по повеќечасовно (или повеќедневно) гледање во екран. Се препорачува и гласна музика во позадина
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
КРАМП - Р. Крамб (андерграунд крал за стрипови) рекол: „Од многу гледање во екран човек се претвора во крап! Затоа: прво со кран ќе ти го качам тој проклет екран, а потоа ќе го зашибам со крампови и крампони, или просто ќе го спуштам во кратер. После можеш да читаш стрипови и да јадеш кремпити!“ Margina #19-20 [1995] | okno.mk 43
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
РАЈНА: Какви се овие муабети, лежење во кревет, гледање во таван цел ден, ракии, не си измиена два месеца, уште да мочаш во гаќи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како и да е јас сериозно сметам дека неговите гледања во врска со соништата ја бркаат целта : да го откријат лажовното во вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)