По завршувањето на доказната постапка, судот, по одржано- то советување и гласање во октомври 2009, со меѓупресуда,5 го одби тужбеното барање на Јакшиќ за надомест на штета како неосновано затоа што тужителот, наводно, самиот – поради својата небрежност – се довел себеси во состојба на ризик по неговото здравје, а доколку сметал дека таа задача е опасна по неговиот живот требало да одбие да ја изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ова сведочење судот превиде дека овие наводни очевидци немаа никаква потреба да бидат а, згора на сè, и воопшто не беа присутни во просторијата каде се одвиваше работата и отстранувањето на 199 дефектот, односно отпушувањето на затнатото црево на машината за малтерисување со помош на армирана шипка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што ја прави значајна е тоа што претставува необично откривателен пример за една многу поопшта склоност – склоност на многумина геј-луѓе денес да настојуваат дека се не само „речиси нормални“, како што тврдеше Ендру Саливан туку и крајно банални.459 Ефектот на оваа настојчивост е бришењето на особеноста и посебноста на настраниот живот, со што се одрекува способноста да се придонесе со нешто вредно во светот во кој живееме.
Кога на 24 јуни, 2011 г., државата Њујорк донесе закон со кој им се овозможи на луѓе од ист пол да се венчаваат, Асошиејтед прес побара реакција за тој историски настан од отворено геј-претседателката на њујоршкото Градско собрание Кристин Квин, која ја соопшти веста за напнатото конечно гласање во државниот законодавен дом на конференцијата за печат на њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема е разбирлива неговата претерано надоместувачка реторика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Често занемувам пред неговата недонурлива и доследно длабока љубов кон син ни. (46)
Тргај се, Џон Апдајк!
Патрик Калифија-Рајс имал добри причини да ја брани обичноста, основната човечност на своето постоење, онака опколен од непријатели – геј, стрејт и транс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Особено Мет е споменик на трпението.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)